Skip to main content
Хроника

Осумдневен притвор за скопјанец кој ја оштетил влезната врата на Бугарската амбасада

14/01/2026  11:16

На 55-годишен жител на Скопје му е одреден осумдневен притвор поради оштетување на влезната врата на Амбасадата на Бугарија во Скопје, информираат од Основниот кривичен суд.

Мерката притвор е изречена по предлог на обвинителството, поради опасност од бегство и ризик осомничениот да го повтори кривичното дело.

Според наводите на обвинителството, инцидентот се случил на 11 јануари, кога мажот со камен го скршил стаклото на влезната врата на амбасадата, по што веднаш го напуштил местото на настанот.

Наредниот ден, полициски службеници го лоцирале и привеле осомничениот на подрачјето на Општина Центар. По приведувањето, против него е поведена кривична постапка.