Skip to main content
Балкан, Македонија

Осум пациенти од Македонија кои вчера пристигнаа во Србија се во критична состојба

18/03/2025  11:03

„Oсум пациенти кои вчера пристигнаа во Србија, тројца се на респитатор, а сите имаат изгореници на респираторниот тракт и се во животна опасност“, изјави денеска за „РТС“ Милан Стојичиќ, директор на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Клиничкиот центар на Србија.

Тој изјави дека во понеделникот пристигнале осум пациенти со сериозни повреди опасни по живот.
Изгорениците зафатиле до 25 отсто од нивните тела, а од осумте транспортирани, седум биле примени „под услови на операциона сала“.

„Тие се згрижени, стабилни се, а лекувањето продолжува, за што секако ќе биде потребно време“, додаде Стојичиќ.

„Општата состојба на осмиот пациент кој беше примен на респитарот е се уште сериозна“, нагласи директорот на Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија на Клиничкиот центар на Србија.

Во Србија 29 тешко повредени лица се згрижени и се наоѓаат во четири здравствени домови – Воената болница и Клинички центар во Ниш, Воено-медицинската академија во Белград и Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Србија.