Skip to main content
Економија

Осум Македонци меѓу најбогатите 100 личности во регионот на екс Југославија

29/12/2024  14:34

Списанието „Недељник“, традиционално на крајот на годината ја објавува листата на 100 најбогати личности во регионот (државите кои во минатото беа дел од Југославија).

На листата на стоте најбогати, вкупно 25 се од Хрватска, 48 од Србија, 12 од Босна и Херцеговина, осум од Северна Македонија и седум од Црна Гора. Претставниците од БиХ контролираат вкупно 6,3 милијарди  евра. Хрватските и српските бизнисмени наизменично на оваа листа се до 22. место, каде што се појавува бизнисменот од БиХ, Сенад Џамбиќ.

Новина на овогодинешната листа е што БиХ го доби првиот милијардер во евра. Имотот на Сенад Џамбиќ порасна од 892 милиони евра во 2023 година на 1,1 милијарда евра оваа година. Неговата групација „Бинго“ е компанија која во своето портфолио има бизниси со малопродажба и агро-индустрија, а само извоз-увоз на „Бинго“ вработува повеќе од 8.000 работници. Тројцата браќа Џамбиќ почнале да произведуваат мед во 1985 година. Пред војната во Босна и Херцеговина, Сенад работел како рудар, но имал билијард, флипер и покер апарати. Така е родена фирмата „Бинго“, која името го добила по здружението со почетниот бизнис. Тајната на неговиот деловен успех ја опиша Сенад Џамбиќ во реченицата: „Сè што заработувам, веднаш инвестирам“.

Меѓу најбогатите 100 лица има и осум од Македонија.

На првото место е Живко Мукаетов од Алкалоид, чија вредност за 2024 изнесува 784.183.300 евра. Мукаетов се најде на 32 место од сите бизнисмени. По Мукаетов, следува Андреја Јосифовски од Макпетрол кој е на 44 позиција со вредност од 625.492.580 евра. Потоа следува Илија Гечев од ИГМ Трејд со вредност од 573.787.416 евра.