Skip to main content
Магазин

Осуден актерот Сергеј Трифуновиќ

07/03/2025  20:33

Српскиот актер Сергеј Трифуновиќ е осуден на условна затворска казна од 6 месеци за поседување марихуана.

Трифуновиќ денеска во Вишиот суд во Белград е осуден на шест месеци условна затворска казна со две години период на контрола за поседување 11,8 грама марихуана за лична употреба, пренесе Танјуг.

На три години и четири месеци затвор е осуден и Владимир Арсенијевиќ од Падинска Скела, кој му продавал дрога на 52-годишниот српски актер. Според српските медиуми, кај Арсенијевиќ при неговото апсење биле пронајдени уште 100 грама дрога.

Актерот не се појави во Вишиот суд во Белград за изрекувањето на пресудата.