Skip to main content
Свет

Остар пад на европските и азиските берзи

09/03/2026  09:50

Цените на акциите на европските берзи утрово нагло паднаа, бидејќи инвеститорите стравуваат дека наглиот пораст на цените на нафтата ќе ја поттикне инфлацијата и ќе ѝ наштети на целата глобална економија.

Индексот STOXX 600 на водечките европски акции падна за 2,3 проценти во 9:30 часот наутро, откако веќе потона за повеќе од 4 проценти минатата недела.

Утрово, лондонскиот FTSE индекс се лизна за 1,73 проценти, на 10.106 поени, додека франкфуртскиот DAX потона за 2,61 проценти, на 22.976 поени, а парискиот CAC за 2,48 проценти, на 7.795 поени.

Цените на акциите нагло паднаа и на азиските берзи. Индексот MSCI на акциите од Азиско-пацифичкиот регион падна за повеќе од 2 проценти во 9:30 часот наутро.

Во исто време, цените на акциите во Шангај, Хонг Конг, Индија, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја паднаа помеѓу 0,7 и 6 проценти.