
Зголемената цена на струјата нема да предизвика зголемување на цената на лебот и белите пецива. Ова е ставот на Николче Малинов кој е сопственик на штипска пекарница, кој воедно посочи и дека има доволно количини на брашно, па производите ќе останат исти на нивните производи како досега.
-Сега за сега нема некоја информација дека ќе биде зголемена цената на брашното и на енергенсите. Струјата е нешто минимално покачена, но тоа нема да се одрази на цената на производот бидејќи ќе го искалкурираме со некои други заштеди, рече Малинов.
Тој истакна дека на пекарниците од помош е и Законот со кој се овозможува да работат пензионери, а се враќаат и работниците од Хрватска на пример и на тој начин се задоволуваат потребите.
-Веќе се менува и Законот, пензионерите можат да работат и се потпираме на нив, рече Малинов.
Лебот во Штип се продава по цена од околу 30 денари, во зависност од грамажата и квалитетот.
