Skip to main content
Скопје

Османи: Програмата за Чаир ја обликуваме заедно со граѓаните

16/08/2025  14:01

Кандидатот за градоначалник на Чаир од ДУИ, Бујар Османи, од вчера ја започна теренската кампања за собирање идеи и предлози за програмата.Во директна комуникација од врата на врата, средби и директни разговори со жителите, Османи ја гради програмата за Чаир заедно со оние што најдобро ги знаат проблемите, граѓаните на Чаир, се наведува во соопштението од ДУИ. 

-Чаир ќе ја добие најтемелната и најиздржана програма досега – програма што ќе произлезе од секој агол, секоја улица, секое маало. Ниту една идеја нема да биде мала, ниту еден предлог нема да остане незабележан. Ги повикувам граѓаните да се вклучат и да придонесат за заедно да ја издигнеме општината од пепелта.Граѓаните може преку директен контакт на терен, по телефон или електронски пат да ги испратат своите предлози за општината. Секоја идеја ќе помогне во обликувањето на планот кој ќе овозможи Чаир конечно да тргне напред и да ги реши децениските наталожени проблеми, порача Османи.