
Црвениот крст на РСМ дава голем придонес во промовирање на првата помош во образовните институции каде уште ги едуцираме младите за важноста од правилно и навремено укажување на прва помош. За младите организираме натпревари по прва помош со цел што повеќе да ја подигнеме нивната свест и да ги унапредиме нивните знаења од областа на прва помош.
Црвениот крст на РСМ во месец мај организира 2 регионални натпревари по прва помош за првопласираните екипи од општинските натпревари по прва помош од средните училишта на територија на РСМ. Овогодинешната тема на натпреварите по прва помош е „Прва помош во училишна средина“.

Оваа година домаќини на Регионалните натпревари се Општинската организација на Црвен крст Гевгелија и Општинската организација на Црвен крст Центар. Регионалниот натпревар за Регион 1 се одржи на 10 мај 2025 година на граскиот плоштад во Гевгелија, додека регионалниот натпревар за Регион 2 ќе се одржи на 17 мај 2025 во училишниот двор на ООУ “ Димитар Миладинов”, Центар -Скопје.
Овие натпревари не само што ги поддржуваат младите во развој на практични вештини, туку ја поттикнуваат и свеста за важноста за правилна и брза реакција при итни состојби.