Skip to main content
Скопје

СДСМ: Орце собира тим од луѓе осудени за корупција и примање поткуп

04/09/2025  15:57

Соопштение на СДСМ:

Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Скопје од ВМРО-ДПМНЕ, јавно се пофали дека во неговиот изборен тим се вбројува и Гоце Станковски, човек  осуден за примање поткуп од 9.000 евра. За тој случај, Станковски доби и затворска казна.

Ова не е само скандал, не е само јасна порака какви луѓе Орце собира околу себе, туку какви вредности застапува и како планира да работи, со корупција, поткуп и криминал.

Јавноста знае дека Орце застана целосно зад криминалните дивоградби во Чаир и нивниот коалициски партнер Изет Меџити.  Тој е олицетворение на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје, на бизнис интересите на елитата која го гази интересот на граѓаните секој ден.

Скопјани треба да знаат: глас за Орце е глас за корупцијата, за урбанистичкиот хаос и за криминалниот модел на ВМРО-ДПМНЕ.