Skip to main content
Свет

Орбан одговори дали ќе му честита на Маѓар доколку победи Тиса

12/04/2026  11:23

Унгарскиот премиер Виктор Орбан одговори на низа прашања од новинарите, меѓу кои се издвоија оние за неговиот став кон политичкиот ривал Петер Маѓар и хипотетичката ситуација да се најде на местото на украинскиот претседател Володимир Зеленски.

На прашањето дали би му честитал на Петер Маѓар доколку неговата партија Тиса победи, Орбан одговори потврдно. „Да, секогаш се придржувам до цивилизираните стандарди“, рече тој. На прашањето дали би ѝ предал територии на Русија доколку беше Зеленски, унгарскиот премиер даде краток одговор: „За среќа, јас не сум Зеленски“.

Новинарите беа заинтересирани и за тоа што прави неговиот син, Гаспар Орбан, во Чад, за што премиерот ги упати кај „својот воен претпоставен“. Тој се осврна и на можните идни избори, велејќи дека неговиот прв чекор по победата ќе биде да им се заблагодари на активистите кои ја мобилизираа земјата.