Skip to main content
Свет

Орбан: Глобална трансформација е пред нас

10/01/2026  21:47

,,Глобална трансформација е пред нас“, објави унгарскиот премиер Виктор Орбан на фејсбук.

„Украина, кризата во Венецуела, тензиите околу Гренланд, Тајван и Иран, вака започна 2026 година“, рече Орбан во соопштението.

Според него најважната тема на денешната владина седница ќе биде одржувањето на Унгарија на „патот на мирен и стабилен развој во невидено опасно време“, пренесува МТИ.