
Унгарскиот премиер Виктор Орбан за унгарскиот весник ,,Маџар Немзет” истакна дека не може да се исклучи можноста 2025 година да биде последната година за мир во Европа.
– Се навикнавме на мир. Последната голема европска војна заврши во 1945 година и оттогаш поминаа 80 година. Во Европа тоа е исклучително ретка состојба, посочи Орбан.
Тој се осврна и на Самитот на ЕУ во Брисел, посочувајќи оти Европа во моментот се приближува кон војна.
– Минатата недела во Брисел успеавме само да го забавиме темпото со кое Европа се движи кон војна. Некои сакаа да го забрзаат овој процес до хипербрзина, а ние успеавме да го блокираме тоа. Но, ние не го запревме самиот процес, само го спречивме неговото забрзување, наведе Орбан.
Според него, Европа е повторно поделена.
– Во Европа денес повторно има два табора: воениот табор и мировниот табор. Во моментов, преовладуваат силите што се залагаат за војна. Брисел сака војна. Унгарија сака мир, повтори Орбан.
