Skip to main content
Македонија

Општина Велес исплатила 11,8 милиони денари обештетување на граѓани кои биле каснати од кучиња скитници

14/12/2025  19:33

Според податоците од локалната самоуправа, Општина Велес во текот на првите 11 месеци од оваа година исплатила рекорден износ од 11,8 милиони денари обештетување на граѓани каснати од кучиња скитници.

Бројот на пријавени случаи е значително зголемен. Mеѓу повредените има цели семејства кои биле нападнати, како и луѓе кои биле каснати повеќе пати.

Во еден од евидентираните случаи, истото лице било нападнато четири пати од кучиња скитници, по што добило соодветна отштета. Општинските власти нагласуваат дека поголемиот дел од средствата биле исплатени врз основа на судски одлуки, што сериозно го оптоварува општинскиот буџет.

Општина Велес најавува дека во наредниот период ќе се бараат долгорочни решенија за намалување на бројот на кучиња скитници, како и мерки за зголемување на безбедноста на јавните простори, со цел спречување на нови напади и избегнување на дополнителни финансиски трошоци.