Skip to main content
Македонија

Општина Тетово ги дели граѓаните по пол: Различни цени на градскиот базен за мажи и жени

12/01/2026  18:47

Општина Тетово информира дека градскиот базен ќе биде отворен за сите граѓани во периодот од 12.01.2026 (понеделник) до 01.03.2026 (недела), секој ден од 08:30 до 16:00 часот.

Според објавеното известување, цената за користење на базенот изнесува 150 денари за машки и 100 денари за женски посетители.

Оваа разлика во цените отвора прашања кај дел од јавноста – по кој основ е утврдена различната цена и дали постои конкретно образложение за ваквата одлука. Засега од Општина Тетово нема дополнително појаснување за критериумите според кои се формирани цените.

Од општината ги повикуваат граѓаните да го користат базенот во наведениот период.

Screenshot