Skip to main content
Македонија

Општина Охрид ќе донира милион денари за настраданите семејства од пожарот во Кочани

26/03/2025  10:58

Советот на Општина Охрид денеска на вонредна седница донесе одлука за одобрување финансиска помош во износ од милион денари за семејствата на настраданите и повредените лица во пожарот во Кочани.

Како што појасни градоначалникот Кирил Пецаков, во издвоените средства е вклучена и сумата што беше наменета за традиционалната Ифтарска вечера која поради трагичниот настан во Кочани оваа година нема да се организира.

Одлуката и тие средства да бидат пренаменети за финансиска помош за семејствата на настраданите и повредните во пожарот во Кочани е донесена со претходна изразена согласност од страна на Исламската верска заедница од Охрид.

Определената финансиска помош од Охрид ќе биде уплатена на сметката за солидарна помош при Црвениот крст на Македонија. Финансиските средства ќе бидат исплатени од Буџетот на Општина Охрид.

Градоначалникот Пецаков и оваа прилика ја искористи за во негово лично и во име на охриѓани да изрази најдлабоко сочувство до семејстата на настраданите, а на повредните да им посака побрзо оздравување.