Skip to main content
Скопје

Општина Карпош обезбедува бесплатни ехо прегледи на дојка за девојки од 20 до 30 години

02/03/2025  12:25

„Во насока на подигнување на свеста кај младата популација за важноста на превентивните прегледи и грижата за здравјето на жените, Општина Карпош во соработка со ПЗУ „Св. Алексеј“ овозможува бесплатен медицински преглед на дојки, за девојки на возраст од 20 до 30 години кои се жителки на оваа скопска општина. Во тој поглед, заинтересираните карпошанки можат да добијат повеќе информации и да го закажат бесплатниот преглед започнувајќи од понеделник (03.03.2024) година, на телефонскиот број 071 243 400“ информираат од општина Карпош.

Инаку, приватната здравствена установа за гинекологија и акушерство „Св. Алексеј“ каде ќе се вршат бесплатните прегледи, функционира во рамки на ЈЗУ Поликлиника Букурешт. Општината која воедно е и правата локална самоуправа која презема ваква иницијатива, издвои од својот Буџет финансиски средства во висина од 200.000 денари. Станува збор за акција која се реализира како дел од Програмата на Општина Карпош за еднакви можности меѓу жените и мажите за 2025 година, како проектна активност за превенција и поддршка на женското здравје.