Skip to main content
Скопје

Општина Илинден изработува Локален еколошки акционен план – ЛЕАП 2025-2030

30/01/2025  14:40

Локален еколошки акционен план
Општина Илинден отпочна со изработка на Стратешкиот документ ЛЕАП – Локален еколошки акциски план на Општина Илинден за периодот од 2025-20230 година, за таа цел се одржа јавна презентација во Домот на култура „Илинден“.

Изработката на овој документ е согласно законските обврски кои произлегувааат од законот за животна средина и согласно кои Општината е потребно да ги имплементира проектните активности во насока на подобрување на животната средина.
Овој документ е значаен за заштита и унапредување на животната средина и природата преку дефинирање и спроведување на систем на мерки и акции за краткорочно, среднорочно и долгорочно планирање, утврдени со временска и финансиска рамка.

Како што истакна градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски со донесувањето на ЛЕАПот ќе добиеме стратешки документ со чие имплементирање ќе ги спроведеме нашите политики и активностите за заштита на животна средина, област во која ние како локална самоупва посветуваме особено внимание.

Работната верзија на ЛЕАПот ќе биде објавена на веб страна на Општината www.ilinden.gov.mk , каде дополнително граѓаните ќе имаат увид на содржината на овој документ и ќе можат да дадат свои мислења, сугестии и предлози во однос на документот, по што истиот ќе се достави на разгледување и усвојување до Советот на Општина Илинден.