Skip to main content
Македонија

Општина Гостивар започна со реконструкција на улицата „Борче Јовановски”

28/01/2026  15:03

Општина Гостивар информира дека денес  започна реконструкцијата на улицата „Борче Јовановски”, која се наоѓа во централното градско подрачје.

Проектот опфаќа целосна реконструкција на патнaта делница во должина од 250 метри, со цел подобрување на урбаната инфраструктура, зголемување на безбедноста во сообраќајот и создавање подобри услови за пешаците и сите учесници во сообраќајот.

Општина Гостивар апелира до граѓаните за разбирање за време на реализацијата на градежните активности и уверува дека проектот ќе биде завршен во предвидените рокови, согласно техничките стандарди.