![](https://24info.mk/wp-content/uploads/2025/02/image-223737.jpeg)
Градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски на социјалните мрежи информираше дека во во просториите на Министерството за локална самоуправа поднесени се 12 проекти за финансирање со поддршка на Владата на Република Македонија во рамките на Јавниот повик кој вчера го објави Министерството за локална самоуправа.
„12 нови проекти со целокупната потребна документација за нивна реализација се:
– Изградба на нова детска градинка помеѓу Маџари и Керамидница;
– Рехабилитација на пристапниот пат кон гробиштата Камник;
– Изградба на атмосферска канализација на ул. Гемиџиска и ул. Филип Филиповиќ во Железара;
– Реконструкција на улица Палмиро Тољати во Ченто;
– Реконструкција на улица Петре Филиповски Гарката во Триангла;
– Реконструкција на улица 519 во Керамидница;
Реконструкција на улица Париска комуна во Хиподром;
– Реконструкција на улица Ордан Поп Јорданов во Маџари;
– Реконструкција на улица Жан Жорес од Кино Маџари до надвозникот кај ООУ Наум Наумовски Борче;
– Реконструкција на улица 30 во Чукур маало, Трубарево;
– Изградба на улица 22 во Сингелиќ со водоводна мрежа;
– Изградба на улица 2 во Железара;“, стои во објавата на градоначалникот Стефковски.
Тој посочи дека дополнително во завршна фаза е и подготовката на документацијата за уште три проекти и тоа:
– Изградба на фекална канализација во Идризово;
– Доградба на ООУ Крум Тошев во Трубарево;
– Изградба на нова фаза на фекална канализација во Јурумлери.