Skip to main content
Македонија

Општина Делчево апелира за пријавување загадување на воздухот

15/12/2025  16:09

magla zagadenost vozduh soobrakaj

Општина Делчево упати апел до граѓаните, како и до правните и физичките лица, активно да пријавуваат случаи на загадување на амбиенталниот воздух, со цел заштита на животната средина и јавното здравје.

Од општината потсетуваат дека со закон е строго забрането користење гуми, стиропор, пластика, текстил, отпадни масла и друг вид отпад како огревен материјал, бидејќи при нивното согорување се ослободуваат токсични материи кои сериозно го загадуваат воздухот. Во наредниот период, општинските инспекциски служби најавуваат вонредни контроли, особено кај инсталациите каде се евидентираат зголемени емисии на штетни честички.

При утврдени неправилности ќе следуваат соодветни санкции, согласно законската регулатива. Според Законот за животна средина, сите инсталации се обврзани да поседуваат елаборати за заштита на животната средина, во кои е прецизирано дозволеното огревно средство. Дополнително, од општината нагласуваат дека е забрането текстилните фабрики да издаваат отпаден текстил на физички лица.