
Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ – Скопје обвини дека градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, продолжува со напади кон претпријатието, иако, како што велат од таму, тој е директно инволвиран во последниот случај на противправно собирање отпад.
„Во најновиот скандал, поради незаконско исфрлање и собирање смет, Министерството за внатрешни работи одзеде возило поврзано со активностите што ги организира општината Чаир“, наведуваат од Комунална хигиена.
Од претпријатието јавно го прашуваат градоначалникот Ганиу каде завршува отпадот што го собира општината, бидејќи, како што тврдат, не постои склучен договор со депонијата Дрисла, единствената санитарна депонија за градот