
По долг период на реакции од жителите, Општина Аеродром конечно започна со уривање на бараката на т.н. „теснец“ во близина на Џевахир кулите во Скопје.
Станува збор за објект кој со години го стеснуваше просторот на оваа делница и создаваше проблеми во сообраќајот, особено во близина на комплексот Џевахир, каде секојдневно поминува голем број возила и пешаци.
Со отстранувањето на бараката, се очекува проширување на улицата, при што коловозот на овој дел ќе се уреди со три сообраќајни ленти, исто како што е постојната улица пред бараките.
Жителите од овој дел на Аеродром подолг период реагираа дека токму овој „теснец“ претставува тесно грло во сообраќајот и често создава застој, особено во периодите со поголем сообраќаен метеж.
Со проширувањето на улицата се очекува да се подобри протокот на сообраќај и безбедноста на движењето во овој дел од општината.


