Skip to main content
Скопје

Општина Аеродром бара работници за одржување јавна чистота

04/03/2026  13:36

Јавното претпријатие за комунални дејности на Општина Аеродром информира дека е во тек јавен оглас за изразување интерес за ангажирање лица за вршење јавни работи во текот на 2026 година.

Со огласот се повикуваат сите евидентирани невработени лица, социјално загрозени лица и пензионери што сакаат да се вклучат во активности од јавен интерес на територијата на Општина Аеродром.

Ангажираните лица ќе бидат вклучени во следните активности:

одржување на јавната чистота (чистење јавни површини, празнење на канти за отпад, собирање лисја и гранки и сл.);
одржување на зелените површини и на парковите (косење трева и хортикултурни активности);
одржување улици, пешачки патеки и тротоари;

Заинтересираните кандидати треба да пополнат и поднесат пријава во aрхивата на Јавното претпријатие во просториите на Општина Аеродром. Образецот може да се подигне во просториите на Општина или да се преземе електронски од официјалната веб-страница на следниов линк

http://aerodrom.gov.mk/vest/9540

Повеќе информации можат да се добијат и на телефонскиот број: 072 270 886.