
На 07.06.2025 околу 11.50 во СВР Скопје е пријавено дека во дворот на З.А.(78) од с.Батинци, скопско, настанал пожар во неговото патничко возило „рено клио“ со скопски регистарски ознаки.
Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.