Skip to main content
Хроника

Опожарено возило во Скопје, интервенирала Бригадата за противпожарна заштита

30/03/2025  14:33

На 30.03.2025 во 03.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, било опожарено патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Е.И.(69) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.