Skip to main content
Хроника

Опожарено возило во Аеродром

13/05/2025  08:02

Регионалниот центар за управување со кризи соопшти дека ноќеска на булеварот „Видео Смилевски-Бато“ било запалено патничко возило. 

Противпожарната бригада на Град Скопје информираше дека интервенирале со тројца пожарникари и едно противпожарно возило. 

Материјалната штета се проценува на околу 9.000 денари.