Вчера во 21.30 часот во СВР Охрид, 50-годишната С.В. од Охрид пријавила дека пред нејзиниот дом на улица „Париска комуна“ во Охрид било опожарено нејзиното патничко возило „бмв х3“ со охридски регистарски ознаки.
Пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од СВР Охрид, а по наредба на јавен обвинител возилото било однесено во кругот на СВР Охрид.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Како што објавија колегите новинари се работи за автомобил на дописничката на САКАМДАКАЖАМ.МК Сузана Вренцовска. Колата е запалена во дворот на семејната куќа, во гаражата каде било паркирана. Вренцовска е дописничка на САКАМДАКАЖАМ.МК изминативе пет години.