Skip to main content
Хроника

Опожарено ,,Ауди” на паркинг во Кисела Вода

27/01/2026  13:08

На 27.01.2026 во 02:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на паркинг простор на ул.„Христо Татарчев” во Скопје било опожарено патничко возило „ауди” со скопски регистарски ознаки, сопственост на Г.Ч.(20) од Скопје. Повредени лица нема, а екипа од Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.