Skip to main content
Хроника

Опожарени три возила на паркинг во Ново Лисиче

12/03/2026  15:27

Во пожар на паркинг просторот пред зграда на булевар „Видое Смилевски Бато“ во Општина Аеродром синоќа опожарени се три возила.  Пожарот, како што информира МВР, е пријавен денеска во 00:13 часот во СВР Скопје, и е изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Повредени лица нема и е извршен е увид. 

-Пријавено е дека на паркинг просторот пред зграда на бул.„Видое Смилевски Бато“ настанал пожар во патничко возило „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на С.Д.(48) од Скопје. Од пожарот биле оштетени и патничко возило „хјундаи“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Н.К.(74) од Скопје и патничко возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на В.А. од с.Долно Лисиче, скопско, информираат од МВР.