
Вчера во СВР Тетово биле пријавени два одвоени случаи на опожарени возила.
Во 04:18 часот, А.Љ. (31) од Тетово пријавил дека ноќта меѓу 12 и 13 март на улицата „Штипска“ било опожарено паркирано возило фолксваген туарег со тетовски регистарски ознаки кое го користел.
Подоцна, во 08:10 часот, Џ.Ќ. (57) од Тетово пријавил дека на автопатот Тетово – Гостивар се запалило патничко возило мерцедес со кое управувал.
Во двата случаи увид извршила екипа на СВР Тетово.


