Skip to main content
Хроника

Опожарена штала во Карбинци, изгореа три грла добиток и 100 бали луцерка

27/07/2025  15:00

Денеска (27.07.2025) во 02.19 часот во СВР Штип било пријавено дека околу 01.00 часот била опожарена штала во с.Радање, општина Карбинци, сопственост на С.А.(83), во која изгореле три грла добиток и 100 бали луцерка.

Од Територијалната противпожарна единица Штип пожарот бил изгаснат и за настанот бил известен јавен обвинител.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Штип и се преземаат мерки за утврдување на причините и за целосно расчистување на случајот.