
Регионалниот Центар за управување со кризи-Битола информира дека во атарот на село Брод, Битола, е пронајдена една стара опасна артилериска граната со калибар 75 mm од Првата светска војна.

Гранатата била безбедно подигната од стручно лице од ДЗС Битола, вчера во 10:30 часот за понатамошна постапка за безбедно складирање и уништување.