Skip to main content
Скопје

Оливера Ливриниќ: Вистинска грижа за бутелчани или прекршување на Изборниот законик на последниот ден на кампањата

17/10/2025  12:06

Соопштение за јавност на СДСМ:

Во мојата програма јасно најавив мерка за ослободување од надоместок за плаќање на оброк и ужина за сите деца на сите наши сограѓани во Општина Бутел – без исклучок и без поделби.

Денеска, Советот на Општина Бутел усвои две мерки со слична содржина. Тоа не го сметам за проблем, напротив – го поздравувам и поддржувам секој чекор кој е во интерес на граѓаните.

Но, проблемот е начинот и времето на донесување на овие одлуки. Претседателот на Советот и градоначалникот Костовски добро знаат дека се наоѓаме во предизборна кампања, и тоа во последниот ден од истата, кога согласно закон е строго забрането донесување одлуки кои имаат финансиски импликации врз општинскиот буџет.

Морале и можеле оваа мерка да ја донесат на законски начин на почеток на училишната година и пред изборната кампања. 

За жал, со ваквите потези, мерките што се носат денес нема да имаат реален ефект врз граѓаните, бидејќи постои сериозна можност да бидат оспорени од Државната изборна комисија (ДИК) и Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Како одговорен кандидат, останувам посветена на тоа сите мерки во мојата програма да се реализираат законски, одговорно и во интерес на сите жители на Бутел.