
Кандидатката за градоначалник на општина Бутел, Оливера Ливриниќ со најава на својот тим на советници за современа, чиста и фер општина. Тимот, составен од стручни, чесни и енергични личности, ја отсликува посветеноста кон вредностите на одржлив развој, социјална еднаквост и транспарентно управување.

„Се кандидирав за градоначалник затоа што верувам дека нашата општина може да биде пример за одржлив развој, модерни услуги и отчетна локална власт. Нашата визија е општина во која секој граѓанин ќе има еднаков пристап до јавните услуги, чиста и безбедна средина и повеќе можности за економски напредок.” изјави Ливриниќ.
Клучните приоритети на програмата:
- Подобрување на инфраструктурата и локалните услуги;
- Поддршка за младите, семејствата и локалните бизниси;
- Грижа за чиста животна средина и нови зелени површини;
- Зголемена транспарентност и отчетност на општинската власт.
Мојот тим е доказ дека политиката може да биде чесна, отворена и насочена кон луѓето. Ќе работиме со јасен принцип – транспарентност во секој чекор. Секој граѓанин има право да знае како се носат одлуките и каде се трошат јавните пари,” додаде Ливриниќ.
ВИДЕО: