Skip to main content
Македонија

Околу 32.000 корисници на МојДДВ чекаат поврат на парите

26/02/2025  19:31

Исплатата на МојДДВ за последниот квартал од минатата година е во тек и до денес исплатени се средства на 464.463 лица, во вкупен износ од 814.738.619 денари. Во тек е обработката на последните 31.988 корисници и за истите исплатата ќе се реализира во текот на наредните денови, информира Управата за јавни приходи.

„Во системот на УЈП има 5.157 кориснички профили кои немаат точни податоци или не ги ажурирале податоците, со цел да може да им се изврши исплата на средствата. Корисниците на МојДДВ кои и во претходни тримесечја немале исплати потребно е во апликацијата да ја проверат точноста на податоците за трансакциска сметка на нивно име за да може системот на УЈП да ја изврши исплатата на средства.“, нагласуваат од УЈП.