Skip to main content
Спорт

Оклахома стана третата екипа која победила на 80 натпревари пред финалето на НБА плејофот

29/05/2025  10:42

Оклахома ноќеска ја победи Минесота со 124:94 и во пет натпревари го заврши финалето на Западната конференција — 4-1.

Тандер стигна до големото финалето на НБА-лигата. На тимот му беа потребни 80 победи за да го стори тоа (68 во регуларниот дел од сезоната и 12 во плеј-офот). 

Претходно тоа им успеа само на Голден Стејт во сезоната 2015/16 и Чикаго во сезоните 1995/96 и 1996/97 година.

Булси станаа шампиони во двата случаи, а Вориорс загубија од Кливленд – 3-4.

Противник на Оклахома во големото финале ќе биде поуспешниот од пресметката Индијана – Њујорк (3:1 моментален резултат).