Skip to main content
Хроника

ОЈО: Фиат Панда премина полна линија и се судри со мотор – едно лице загина

15/03/2025  17:56

Обвинение за 24-годишникот кој предизвика фатална сообраќајна несреќа во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје покрена постапка против 24-годишен возач под сомнение за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“.

Според обвинението, вчера попладне на улицата „Ацо Шопов“ во Скопје, осомничениот управувал автомобил „Фиат Панда“ и при престигнување преку полна линија влегол на спротивната коловозна лента, директно судирајќи се со мотоцикл „Сузуки“. Возачот на мотоциклот, кој немал возачка дозвола и возел со неприлагодена брзина, по ударот се забил во жичана ограда и паднал на коловозот. Со тешки телесни повреди бил пренесен на КАРИЛ, каде подоцна починал.

По наредба на обвинителот, кај сите учесници во несреќата биле земени примероци од крв. Осомничениот и возачот на „Пежо 2008“ немале присуство на алкохол или опојни средства, додека кај починатиот мотоциклист биле евидентирани 0,56 промили алкохол во крвта.

За обезбедување на осомничениот во текот на постапката, обвинителството побара од судот да му изрече мерки на претпазливост, вклучувајќи забрана за напуштање на живеалиштето, обврска за редовно јавување кај надлежните органи и привремено одземање на возачката дозвола.