Skip to main content
Спорт

Ојлески ново име во составот на македонската репрезентација

19/01/2026  13:04

Искусното лево крило на ГРК Охрид, Гоце Ојлески, доби дополнителен повик од селекторот Кирил Лазаров и денеска ќе му се приклучи на тимот во базата во Хернинг.

Триесетишестгодишниот Ојлески беше на поширокиот список ракометари за настап на Европското првенство, а ѝ се приклучува на репрезентацијата откако во двата воведни натпревари, против Данска, во петок, се повреди Петар Атанасијевиќ, додека Иван Џонов предвреме го заврши вчерашниот дуел против Португалија.

Македонската репрезентација утре со почеток во 18 часот во Хернинг за противник ја има Романија во завршното, трето, коло во рамки на групата Б.

Избраниците на Лазаров се третопласирани во група со еден бод и за пласман во следната рунда ќе им биде потребна победа против Романија и висок пораз на Португалија од Данска.