
На 18.09.2025 во 14:30 часот во СВР Охрид е пријавено дека во сопствениот дом е пронајден починат Љ.П.(66) од Охрид.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција.