
24-годишен охриѓанец, нападнал и повредил тројца сограѓани, користејќи метален предмет, соопшти МВР.
„СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.Б.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 30.03.2025 во Охрид, пријавениот, со употреба на метален предмет физички нападнал три лица, нанесувајќи им повреди. Одредена му е мерка притвор во траење од осум дена“, пишува во полицискиот билтен.