Skip to main content
Забава

„Охрид е подобар од море“ – Познат хрватски блогер сподели видео од авантурите во Охрид

15/08/2025  19:52

Охрид е подобар од море, ова го порача во видео позантиот хрватски блогер Милош Самарџија.

Тој во видео објавено на „Јутјуб“ ги споделува своите впечатоци од градот и охридското крајбрежје.

Во видеото, Самарџија со ентузијазам истакнува дека Охридското Езеро го надминува и самото море кога станува збор за природна убавина, чистота и атмосфера, испраќајќи порака дека Македонија има скриени бисери вредни за посета.

Многумина се согласија со него во коментарите под видеото, а истакнаа и дека Македонците се љубезен и гостопримлив народ.