Skip to main content
Свет

Огромна зимска бура ја парализира Америка

25/01/2026  15:20

Огромна зимска бура ја парализира Америка. Од Тексас на запад па се до источните држави. Повеќе од 500 илјади домаќинства се без електрична енергија, а авиосообраќајот е во колапс.Откажани се над 9.600 летови.

Претседателот Доналд Трамп одобри прогласување на федерална вонредна состојба за Јужна Каролина, Вирџинија, Тенеси, Џорџија, Северна Каролина, Мериленд, Арканзас, Кентаки, Луизијана, Мисисипи, Индијана и Западна Вирџинија.

„Ќе продолжиме да ги следиме и да останеме во контакт со сите држави на патот на оваа бура. Останете безбедни“, напиша Трамп на својот профил на Truth Social.

Прекините на струја се шират со огромна брзина. Најкритична е состојбата во Мисисипи, Тексас и Тенеси, каде повеќе од 100.000 корисници се во мрак.

За да се спречи целосен колапс на мрежата, Министерството за енергетика издаде итни наредби со кои се овластуваат операторите во Тексас и средноатлантскиот регион (PJM Interconnection) да користат сите расположливи резервни ресурси, игнорирајќи ги привремено еколошките ограничувања за да се спаси електроенергетскиот систем.