
Огромен смок денеска е забележан во главниот град, односно на булеварот “8-ми септември” кај МИ-ДА бизнис центарот.
За жал во последниве неколку недели Скопје се претвори во вистински змијарник. На секој чекор може да се забележи неискосена трева која достигнува височина и до половина метар. Па не е ни случајно што ваквите запуштени зелени површини се идеално место за змиите и другите влекачи, кои наоѓаат место за криење и размножување.