
Вечерва голем пожар избувна во фабриката „Мирана“ во Велес, при што густи облаци чад се издигнуваат над градот. Огнот брзо се шири низ објектот, каде што, според првичните информации, се наоѓа голема количина на лесно запаливи материјали.
Екипи на Територијалната противпожарна единица на Велес се на терен и се борат со пламените јазици кои достигнуваат неколку метри. Се очекува во гаснењето да се приклучат и пожарникарски екипи од соседните општини.
Засега нема информации за евентуални повредени лица, но ситуацијата дополнително ја усложнува силниот ветер кој го разгорува огнот. Жителите од околните населби пријавуваат густ чад и неподнослива миризба, а над градот се надвиснати темни облаци.
Причините за избувнувањето на пожарот засега не се познати.