Skip to main content
Свет

Ограничувања на бензинските пумпи во Словенија

22/03/2026  10:21

Физичките лица можат да точат најмногу 50 литри гориво дневно, а правните лица и за физички лица што вршат дејност, вклучително и земјоделство, ограничувањето изнесува 200 литри дневно во Словенија.

Премиерот Роберт Голоб изјави дека трговците со гориво ќе треба секое утро да доставуваат извештаи за состојбата на бензинските пумпи, по што ќе се одлучува дали се потребни дополнителни чекори.

Во рамки на мерките, активирана е и словенечката армија, која ќе помогне во логистиката и транспортот на гориво, со цел да се забрза снабдувањето на пумпите.

Владата ги повика дистрибутерите да ја координираат испораката од складиштата до бензинските станици. Дополнително беше препорачано да се разгледаат мерки што ќе се однесуваат и на странските државјани, со цел да се спречи дополнителен притисок врз резервите.