Skip to main content
Хроника

Ограбена жена: Останала без 20.000 евра кои ги чувала во плико

01/06/2025  19:42

На 31.05.2025 година во 21:30 часот во Полициската станица Гевгелија, А.Ф.(49) од Гевгелија пријавила дека истиот ден, во временски период од 16:00 до 19:30 часот од семејната куќа, со употреба на физичка сила и погоден алат и биле одземени пари односно плико со 20.000 евра.

За настанот бил известен надлежен јавен обвинител од ОЈО гевгелија.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.