Skip to main content
Свет

Ограбен домот на Лука Дончиќ

29/12/2024  18:16

Ограбен домот на Лука Дончиќ
Куќата на НБА ѕвездата Лука Дончиќ била ограбена во саботата во Далас, а по полициска истрага било утврдено дека од неа бил одземен накит вреден 30.000 долари.

Грабежот доаѓа веднаш откако НБА неодамна издаде предупредување до своите играчи за низа упади во домовите на спортистите низ САД.

Покрај Дончиќ на мета на разбојници беа и ѕвездата на „Далас маверикс“, домот на Боби Портис, кошаркар на „Милвоки“, како и куќата на Тревис Келче, американски фудбалер.

„Полицијата во Далас примила пријава дека непознато лице во периодот од 17 до 21 часот го скршило прозорецот од бањата од куќата на Дончиќ и одзело накит. Двајца полицајци кои биле запознаени со делото ја потврдиле кражбата. Криминалната екипа била алармирана. Приватно обезбедување го обезбедувало домот на Дончиќ Не е јасно дали има само еден осомничен или неколку“, пренесува „Dallas Morning News“.

Словенечкиот кошаркар моментално е на пауза поради повреда на потколеницата, а ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.

Далас во тој период ќе одигра 17 натпревари, што значи дека еден од нјадобрите кошаркари во НБА во последните три сезони за првпат во кариерата ќе одигра помалку од 65 натпревари во една сезона (не сметајќи ја сезоната 2019/2020, која беше скратена поради пандемијата на коронавирус).