Skip to main content
Македонија

Огнен Јаневски избран за член на Советодавниот одбор на European Youth Press

15/12/2025  21:20

Македонскиот новинар Огнен Јаневски е избран за член на Советодавниот одбор на European Youth Press (EYP), по одржаното Генерално собрание на организацијата во Будимпешта на 15 и 16 ноември. Со ова собрание беше реализирано најголемото проширување во историјата на EYP, организација со седиште во Берлин, која сега поврзува 41 младинска медиумска организација од 26 европски земји.

Јаневски изрази благодарност за довербата и најави дека ќе придонесува во областа на новинарството, медиумската етика, медиумската писменост и менторството за млади новинари на европско ниво.