Skip to main content
Македонија

ОФИЦИЈАЛНА МЕТЕО АНАЛИЗА: За нова година стабилно, ведро, и сончево, по котлините со магла!

29/12/2024  21:55

Метео анализа на Славчо Попоски:

За време на новогодишната ноќ 31 декември 2024 ноќта кон 1 јануари 2025, како и на првиот ден од новата 2025 година, односно на 1 јануари (среда) и официјално ќе имаме стабилно,  суво, ведро и сончево време насекаде во Македонија, особено на повисоките населени места  и на планините, како и на Скијачките центри,  додека по котлините, особено оние котлини кои се наоѓаат во Повардарието ќе има појава на магла  и на ниска облачност, особено во ноќните  и во претпладневните часови, па така во местата со магла  и со ниска облачност температурата преку ден ќе остане пониска.

И во Скопскиот регион во истиот период ќе имаме ведро и сончево време. Ќе биде претежно тивко, па така особено во ниските предели од котлината ќе има услови за појава на магла  и на ниска облачност, особено во ноќните и во претпладневните часови.

Што се однесува до температурите, наутро тие ќе се спуштаат во интервалот од -3 до 4 степени, додека преку ден тие ќе бидат во пораст и ќе се искачуваат во интервалот од 8 до 14 степени. Токму ова ќе услови на планинските места  и на Скијачките центри снежната покривка постепено да се намалува.

Во Скопје на првиот ден од новата 2025 година (среда) наутро температурата ќе се спушти до околу -2 степени, а преку ден таа ќе се искачи до околу 8 степени.