
Одземен е телефон од висок полициски службеник кој се сомничи за оддавање информации поврзани со клановите Барон, Беланоца, Грчец и со Штекли.
Македонската полиција денеска во попладневните часови во близина на хотел во околината на Гевгелија го уапси наркобосот Раде Трајковски-Штекли. Тој е уапсен при обид за бегство.
Раде се сомничи за трговија на дрога. Тој предводел група од над десетина члена кои се занимавале со продажба на наркотични средства.